Кузмановски во елитно друштво на ЕП



Филип Кузмановски постигна 15 гола на натпреварот со Португалија со што се израмни со Нилс Верстејнен од Холандија на второто место во статистиката на ЕХФ за најмногу голови од еден ракометар на натпревар од ЕП.
Првото место и натаму останува за Кјетил Странд од Норвешка кој пред 20 години на натпревар со Исланд постигн 19 гола.
На актуелната листа, со 13 постигнати голови на ЕП 2012 против Данска е запишан и селекторот на Македонија, Кирил Лазаров.



 

Поврзани вести