Веднаш по крајот на натпреварот меѓу Македонија и Португалија, прашањето што најчесто може да слушне е - Што значи нерешено? Што треба за Главна рунда? Победа од колку гола е потребна итн.
За Главна рунда е потребно:
Македонија да ја победи Романија и Данска да ја победи Португалија.
Но...тоа треба да бидат поубедливи победи.
Македонија ќе мора да има подобра гол разлика од Португалија. Во моментов, Македонија има гол разлика минус 12, а Португалија плус 6.
Што носи овој нерешен резултат?
Дури и да не успее Македонија да се пласира во Главната рунда, бодот од натпреварот со Португалија е капитално остварување.
Македонија ќе мора да ја победи Романија во секој случај и така сигурно ќе биде пласирана во Топ 16.
А репрезентациите од Топ 16 ќе играат само еден бараж за пласман на СП 2027 и ќе бидат во првиот шешир.