Гоце Ојлески е на пат за Хернинг



Фото: ГРК Охрид

Репрезентацијата на Македонија натпреварот со Португалија го заврши без тројца ракометари кои беа во составот. Никола Маркоски уште во првата четвртина од мечот доби црвен картон, што за среќа нема да биде дополнително санкциониран и ќе може да игра утре со Романија. 

Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов се повредија. Нивниот статус е неизвесен, а селекторот Лазаров веќе го повика Гоце Ојлески кој е на пат за Хернинг и попладнево ќе и се приклучи на репрезентацијата. 

Поврзани вести