Photo: IHF
Португалската репрезентација имаше сериозно приземјување од Македонија во второто коло од ЕП 2026 во Хернинг.
„Хероите од морето“ во Данска дојдоа по медал, сега се растресени, но во предност се пред Македонија затоа што самите ја кројат својата судбина.
Првата ѕвезда на португалската репрезентација е младиот десен бек Франциско Кошта. Тој против Македонија постигна 11 гола.
„Очекувавме ваков натпревар, Македонија има многу добар тим, добри играчи, борбени се и знаевме што не чека. Но, имавме ние пет гола предност, а кога имаш таква разлика мора да бидеш подобар“, изјави за mkdhandball разочараниот португалски бек.
Франциско Кошта беше насекаде низ социјалните медиуми ден пред мечот со Македонија. Темата – наводно комплетиран трансфер во Барселона.
„Не сакам да зборувам за тоа. Овде сме на Европското првенство и додека сум тука не би сакал да коментирам за трансфер, туку исклучиво за Европското првенство“, рече младата ѕвезда за чив трансфер треба да биде со шест нули отштета.