Photo: Mkdhandball
Репрезентацијата на Романија долго време ја немаше на големите натпреварувања и тоа придонесе нивната статистика е да меѓу најслабите на првенството.
Но, тргнуваат напред. Иако машкиот е во сенка на женскиот ракомет, вложуваат многу пари во екипите, го имаат Динамо Букурешт во Лигата на шампионите, а сега сакаат и репрезентацијата да тргне напред.
Немаат победа 30 години и ќе ги вложат сите сили на последниот настап, на мечот со Македонија да стигнат до првиот триумф.
Разговаравме со двајца романски ракометари во пресрет на натпреварот и еве што порачаа:
РОБЕРТ НАЃ
Ја гледавме Македнија на двата натпревари и со Данска и со Португалија. Одиграа два добри натпревари, мислам дека имаат многу добар тим и играат одлична агресивна одбрана за која мислам дека им е најсилната страна. И нападот не е лош, но одбраната е подобрата страна. Ќе биде, многу, многу тешко и ќе биде многу фајтерски. Ако сакаме победа ќе мора да пружиме многу силна борба. Мислам дека екипата што ќе пружи повеќе борбеност ќе победи“, изјави Роберт Наѓ.
РАДУ ГИТА
Со големи очекувања влеговме во овој шампионат. Ова ни е втор настап по ред и сакаме да го подигнеме нашето ниво и да почнеме да победуваме, затоа што ни е многу важно и нас и на целата држава.
Засега не успеавме да победиме, но се надеваме дека на третиот натпревар ќе успееме да извојуваме победа што ќе биде прва по 30 години на Европско првенство.
Ќе биде тешко, Македонија има добар тим, добро игра, но ние ќе се бориме и ќе направиме сѐ за да се радуваме утре, изјави за mkdhandball романскиот ракометар Раду Гита.