Лазаров: Сакавме и во Топ 12, но ...


Селекторот Кирил Лазаров резимираше по настапот на Македонија на ЕП 2026. 

“Кога ќе сумираме сѐ, треба да бидеме горди што направивме. Во овие три натпревари со цврсти, јаки противници. Видовте дека Романија е репрезентација што знае што сака. Малку ми е жал. Жал ми е што почнавме многу добро заслуживме да имаме малку поголема концентрација, фокус, верба, како да се изненадивме од фактот што можевме уште на полувреме да водиме седум осум разлика.
Тука некако и како тренер се почувствував немоќно. Затоа што Романците беа немоќни, а ние промашувавме зицер ситуации. Затоа што можевме да ги декласираме. Да ги оставиме без надеж. Мислевме дека како и секое друго второ полувреме мислевме дека ќе бидеме и подобри.
Не сакам да звучам дека се жалиме цело време, но ете Никола Марковски се повреди, Аларов доби црвен….останавме хендикепирани, и во ротација и во напад и во дефанзива. Голманот на Романија беше нивни најдобар играч. Можеби требаше да победиме со повеќе голови разлика но надежта последна умира.  Честитки за момците. Не можам ништо да им замерам. Нашите амбиции се повисоки. Сакавме во топ 12, да не зборуваме пред време, но сакавме во топ дванаесет. Мислам дека заслуживме. Против Португалија требаше да имаме напад за победа. Да бидеме поприсебни. И лани беше слично во Вараждин, детали не делат од успех“, изјави Лазаров после мечот. 
 

Поврзани вести