-
22.1.2026
-
Македонски ракомет
Денеска почнуваат натпреварите од Главната рунда, формирани се две нови групи што ќе се играат во Хернинг и во Малме.
Групата што се игра во Хернинг нуди натпревари што ќе ги нарекуваме финале пред финалето, групата во Малме е далеку послаба и тоа ќе фрли сенка на целото првенство и овој катастрофален за ракометот систем по кој се игра ЕП, а кој конечно и тврдоглавиот ЕХФ неформално си признава дека е лош и планира да го промени.
Денеска во „Јуске Банк Боксен“ која редовно беше исполнеат со над 10.000 гледачи има три добри причини на трибините да ги има максималните 15.000 уште во 15:00 часот.
Во 15:30 часот Германија се среќава со Португалија. Досега имаше 7-8.000 Германци во Хернинг, како ќе биде денеска не знаеме, сепак е работен ден, а мечот почнува релативно рано.
Норвежани денска се очекуваат во малото данско градче кое и досега немаше капацитет да смести и навивачи и репрезентации, па тие беа сместувани 70-100 километри оддалечени места и градови како Архус и Силкеборг на пример.
Во 18:00 часот, Норвешка ќе ја почуствува за прв пат Јуске Банк Арена и тоа на дуел со Шпанија. Ранетиот тим на Жорди Рибера нема право на грешка со оглед на поразот од Германија и на имињата на следните ривали.
Конечно, во 20:30, финале пред финалето. Данска против Франција. Нема што да се каже плус за овој меч, едноставно – мора да се гледа.
ТВ ПРЕНОСИ
15:30 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (МТВ, ТВ Арена спорт 5)
18:00 ШПАНИЈА – НОРВЕШКА (МТВ, ТВ Арена спорт 5)
20:30 ДАНСКА – ФРАНЦИЈА (МТВ, ТВ Арена спорт 5)
Поврзани вести