ТВ ПРЕНОС: Хрватска и Исланд отвораат Главна рунда во Малме

Уште една маркетиншко-економска идеја од кујната на ЕХФ му се удира од глава на ракометот на тековното првенство. Покрај катастрофалниот систем по кој се игра ЕП, идејата секоја земја домаќин во ждрепката за ЕП да си одбере домаќин на група, сега ги покажува своите маани.
Па така откако трите организатори си одбраа по уште еден домаќин, добивме „костур“ по кој на едната страна се Данска, Франција, Шпанија, Германија и Норвешка, а од другата страна патот се далеку послаби или незвучни имиња како Швајцарија, Словенија, Унгарија, Исланд. Ако додадеме и дека Хрватска игра многу послабо, тогаш Шведска ќе се прошета со 1/2 финале на ова ЕП. 
Како и да е, ЕП продолжува и денеска ќе се играат првите натпревари од Главната рунда што се одржува во Малме. 
Денот почнува со мечот Исланд - Хрватска што би требало да понуди и најмногу возбудувања. 
 

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
15:30  ИСЛАНД - ХРВАТСКА (МТВ, ТВ АРЕНА СПОРТ 4)
18:00  ШВАЈЦАРИЈА - УНГАРИЈА (МТВ, ТВ АРЕНА СПОРТ 4)
20:30  ШВЕДСКА - СЛОВЕНИЈА (МТВ, ТВ АРЕНА СПОРТ 4)

Поврзани вести