ТВ ПРЕНОС: Шведска брка полуфинале

Со евентуална победа над Исланд попладнево, репрезентацијата на Шведска практично ќе биде пласирана во 1/2 финалето на Европското првенство, иако ќе мора и да го верификува пласманот во последните две кола.

Словенија со десеткуван состав имаше среќа да биде во шведската страна на ЕП каде што играат послаби репрезентации отколку во данскиот дел и тие имаат реални шанси за полуфинале, а Хрватска би требало да биде нивниот најголем ривал во таа трка.
Денеска почнува расплетот во групата 2, а сите натпревари директно ќе бидат пренесувани на МТВ

ТВ ПРЕНОС:
15:30 СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА - МТВ
18:00 ИСЛАНД – ШВЕДСКА - МТВ
20:30 ХРВАТСКА – ШВАЈЦАРИЈА - МТВ

ТАБЕЛА:
1. ШВЕДСКА (4), 2. ИСЛАНД (2), 3. ХРВАТСКА (2), 4. СЛОВЕНИЈА (2), 5. УНГАРИЈА (1), 6, ШВАЈЦАРИЈА (1)

Поврзани вести