Екипите бесни на распоредот на ЕП

Фото: РФМ

Распоредот на натпревари на Европското првенство со право ги разлути репрезентациите, особено тие што играат во шведскиот дел од првенството.
Репрезентациите од групата два, по шест одиграни натпревари преку еден ден, седмиот ден ќе мораат да играат ден за ден.
Тоа се претпоследниот и последниот меч од групата што ќе ги играат во вторник и во среда и екипите се побунија поради густината на натпреварувањето, а што е уште еден аргумент против сегашниот систем по кој се игра ЕП.
Тоа се воедно и најважните натпреварите кога комплетно ќе треба да се расчити околу пласманите во групата.
„Ова е болна работа“, искоментира хрватскиот тренер Денис Шпољариќ, асистент на Дагур Сигурдсон на клупата на репрезентацијата на Хрватска. „Затоа се случуваат милион повреди“.

Поврзани вести