Десет нови патници за СП, ИХФ доби вајлд карта

Photo: IHF

Новиот јужноамерикански шампион – Аргентина, сребрениот Бразил и репрезентациите на Чиле и Уругвај се патници на Светското првенство што во 2027 ќе го организира Германија. Од другата страна на океанот, полуфиналистите на Азиското првенство, а тоа се Бахреин – Јапонија и Катар – Кувајт исто така обезбедија пласман на СП 2027.
Претстaвник од Океанија на Азиското првенство немаше, што значи дека нивното „загарантирано“ место ќе биде втората вајлд карта за ИХФ. Според статутот тоа место би требало автоматски да го добие федерацијата на актуелниот светски шампион, во случајов Европа, но нема да биде награда во квалификациите, туку вајлд карта за која ИХФ ќе одлучи кому да ја додели.
Во тек е Африканското првенство од кое ќе добиеме пет учесници на СП, а Египет и Капе Верде (Република Зелен Рт) веќе се во полуфиналето и се пласирани на СП.
Заедно со Данска и Германија, веќе имаме 12 од 32 учесници на СП 2027.

Од тековното Европско првенство, четири репрезентации ќе се пласираат директно на СП, а други десет ќе меѓу кои е и Македонија ќе играат бараж квалификации. Последното место за СП ќе биде за Северноамериканската и карипска федерација.

СП 2027
Вкупно учесници: 32
Директно пласирани: Германија (домаќин), Данска (Светски првак)
Азија: Катар, Јапонија, Бахреин и Кувајт (1-4 место на Азискиот шампионат)
Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Чиле, Уругвај (1-4 место на Јужноамерикански шампионат)
Африка: Египет, Капе Верде (1-5 место на Африкански шампионат) + три репрезентации (1-5 место)
Европа: Четири репрезентации (1-6 место на ЕП) +10 победници во вториот бараж
Северна Америка и Кариби: Првак на шампионатот
ИХФ: Валјд карти х2


 

Поврзани вести