-
26.1.2026
-
Планета ракомет
Шпанскиот бек Алекс Душебаев, поранешен ракометар на Вардар, актуелен играч на Келце е многу блиску до потпис со бундеслигашката екипа Гумерзбах.
Информацијата извесно време се провлекуваше како шпекулација, за конечно да добие вистински замав и сега единственото што се очекува е официјализирање на трансферот.
Душебаев беше поврзуван со трансфер во Вардар, но нема да има ништо од тоа. Прво претседателот на Вардар, Михајло Михајловски демантираше, а потоа и самиот Душебеав за нашиот портал изјави дека би задоволен во Вардар, но сега се други времиња.
Кил беше една од споменуваните дестинации, но Гумзербах исплива како прв фаворит. Гудјон Валур Сигурдсон, едно од најдобрите леви крила во историјата, врши одлична работа како тренер во овој клуб кој се препороди и игра важна улога во најсилната лига на светот.
За поголеми резултати ќе му требаат и подобри играчи, а Алекс би бил одличен додадток на бековската линија во која се Миро Шлуроф, Кентан Мае, Кај Смитс, а од тимот веќе замина Гиорги Чковербадѕе (Загреб), а ќе замине и Јулијан Кестер (Кил)...
Поврзани вести