Нов договор за Лука Карабатиќ

Photo: RFM

Лука Карабатиќ нема да го видиме на Европското првенство што се игра во Данска, Норвешка и Шведска, но ќе го гледаме во Лигата на шампионите најмалку уште една сезона.

Легендарниот пивот потпиша продолжување на договорот со Пари Сен Жермен до јуни 2027 со најава дека следната сезона ќе биде и последна. Засега.
Претходно ПСЖ потпиша продолжување на договорите со уште двајца ракометари. Матју Гребил и Вилем Пелека се договорија да останат во клубот и следната сезона.

Поврзани вести