Унгарско добредојде за Филип Талески

Photo: Tatabánya Kézilabda Club

Македонскиот ракометар Филип Талески новиот почеток ќе го има во редовите на екипата на Татабања од Унгарија. Некогашниот најголем македонски ракометен талент по крајот на епизодата во редовите на РК Вардар 1961 реши да замине од клубот и да си ја побара среќата на друго место.
Татабања е клуб во кој имаа потреба од бекови од калибар на Филип Талески, имаат повредени ракометари и мораа да реагираат на трансфер берзата за да го одржат високото ниво во домашното првенство каде што се на третото место зад Веспрем и ПИК Сегед, но само три бода заостануваат зад вицепрвакот од Сегед. 

Денеска унгарскиот клуб, официјално му посака добредојде на македонскиот интернационалец кој по играњето во Германија и Португалија, ќе запише во своето резиме и настапи во шампионатот на Унгарија.  

Поврзани вести