Данска добива мега засилување

Photo: IHF

Репрезентацијата на Данска се пласираше во полуфиналето на ЕП, но видоа мака на мечот со Франција, а голтнаа и кнедла пред 15.000 свои фанови на мечот со Португалија.
Сеедно, Данска останува прв фаворит, иако на евентуално нов меч со Франција или со Шведска нема лесно да излезат на крајот.
Николај Јакобсен во тимот има 19 играчи, односно едно празно место за ракометар од поширокиот состав.

Тој еден играч, може да направи голема разлика, затоа што се работи за Томас Арнолдсен, ѕвездата на Алборг и ракометар што игра на средината, меѓу Симон Питлик и Матијас Гидсел.
Арнолдсен се повреди пред ЕП и затоа не е во ростерот, но веќе е со репрезентацијата и бил на последниот состанок каде што се правела видео анализа.

Јакобсен изјави дека Арнолдсен би можел да биде спремен за некој од следните натпревари, можеби уште утре против Норвешка, а можеби само за финалниот викенд.

Поврзани вести