Photo: IHF
ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА 31-26 (13-12)
Гидсел 8, Питлик 8 – Усчинс 6, Гргиќ 4, Кестер 4
Репрезентацијата на Данска е првиот полуфиналист на 17 ЕХФ Еуро што се одржува месецов во Данска, Шведска и Норвешка.
Вечерва во уште еден натпревар што го заслужува епитетот финале пред финалето, Данска ја совлада селекцијата на Германија и математички обезбеди пласман на едно од првите две места во групата. Во последното коло, Франција и Германија меѓусебе ќе решаваат кој ќе биде вториот полуфиналист.
Тешко е да се пренесе со помош на зборови тоа што вечерва се одигра во Јуске Банк Боксен во Хернинг. Двата тима демонстрираа борбеност и толку висок ритам на играње што дури и во периодот кога двата тима речиси 10 минути не постигнаа гол, натпреварот беше суперинтересен за гледање.
Мало изненадување сервираше селекторот на Германија, Алфред Гисласон со промената на крилните ракометари и со одлуката Мануел Шпет да биде голманот со кој ќе брка победа над Данска. Германците беа решени овој натпревар да го добијат со одбрана и со шутеви од 9-10 метри до таа мерка што комплетно ги заборавија крилата и пикерот.
Данците со познатиот плејстешн модел во кој во отсуство на Томас Арнолдсен, Питлик и Гидсел комбинираат, а ако некој од нив заглави како што беше примерот со Питлик во првиот дел, тогаш алтернативата е Ласе Андерсон, па дури и Ласе Мелер го видовме во еден момент на теренот.
Емил Нилсен како и секогаш од својата позиција ги корегираше сите грешки на одбраната, а вечерва тоа го направи во МВП манир.
Првиот дел во кој споменавме лоша беше статистиката на Симон Питлик мина во израмнета игра во која по 30 минути Данска водеше со еден гол разлика.
Почетокот на вториот дел беше во знакот на голманите Нилсен и Шпет и на одбраните кои речиси 10 минути не капитулираа.
Потоа снема сила во рацете на Ушчинс и Гргиќ и голманот Нилсен почна да ги симнува нивните шутеви, а на спротивната страна Питлик се разгоропади и ја пробиваше инаку цврстата германска зона во која главната улога покрај Јоханес Гола ја игра „монструмот“ Том Кислер.
Во таков развој на настаните, за кратко време Данска стигна до плус четири (19-15) во 45 минута, а серијата запре на плус седум (23-16).
Влегувањето на Андреас Волф во игра во последните 10 минути беше задоцнета реакција, иако Германија успеа во еден момент да намали на 24-28. Данска имаше многу расположени играчи во финишот и мирно го приведе мечот до крајот.
Во пресрет на последното коло, табелата во групата „1“ изгледа вака:
1. Данска (6), 2. Германија (6), 3. Франција (4), 4. Португалија (3), 5. Норвешка (3), 6. Шпанија (2).