Photo: IHF
Репрезентациите на Германија и на Хрватска го комплетираа полуфиналниот квартет заедно со екипите на Данска и Исланд.
Франција и Шведска ги загубија шансите откако денеска Германија ја совлада Франција, а Хрватска беше подобра од репрезентацијата на Унгарија.
Германија и Франција одиграа меч за паметење, двата тима беа на сѐ или ништо на денешниот меч, а блеснаа особено во првиот дел двајца ракометари кои не се видоа досега на турнирот – Јури Кнор и Дика Мем.
Кнор влезе во 15 минута и постигна 10/10 гола пред да ги потроши батериите и да ги промаши следните четири шута.
Дика Мем со слично остварување, постигна 11 гола од 15 обиди.
Благодарение на серијата на Кнор, Германија стигна до предност што во еден добар период беше 4-5 гола разлика, но Франција го подигна нивото на одбраната во вториот дел, ги примора Германците да мораат да шутираат, а голманот Дебоне прв се разбуди од голманскиот сон на овој меч и Франција се врати на минус еден гол (28-29). Последниот воз Франција го пропушти кога од резулат 31-32, Германија одново стигна до плус три (34-31) и потоа умешно одработи до крајот.
За разлика од Хернинг, во шведскиот Малме како да се играше друг спорт. Многу побавно се движеа нападите и настаните генерално, иако резултатски и таму температурата беше висока. Унгарија водеше по првиот дел. Имаа 6-2, 11-7 (15-13) и ги одржуваа во живот надежите на Шведска која чекаше пораз на хрватскиот тим. Но, Хрватска успеа да израмни на резултат 20-20 и веднаш изгради предност 22-20.
До крајот на мечот се играше гол за гол, во финишот имаше можеби контроверзна одлука да биде поништен гол на Унгарија за реми. Веднаш потоа Хрватска печатираше победа од 27-25 и ќе игра во полуфиналето на ЕП.
ИСЛАНД – СЛОВЕНИЈА 39-31 (18-16)
ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 27-35 (12-16)
ХРВАТСКА – УНГАРИЈА 27-25 (13-15)
ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА 38-34 (19-15)
20:30 ДАНСКА – НОРВЕШКА (МТВ 3, Арена Спорт 9)
20:30 ШВЕДСКА – ШВАЈЦАРИЈА (МТВ1)
ТАБЕЛА 1
1. Германија (8) 2. Данска (6), 3. Португалија (5) 4. Франција (4), 5. Норвешка (3), 6. Шпанија (2)
ТАБЕЛА 2
1. Хрватска (8) 2. Исланд (7), 3. Шведска (5), 4. Словенија (4), 5. Унгарија (2), 6. Швајцарија (2)
Поврзани вести