Кој оди директно на СП, закажана и ждрепката за Македонија

Репрезентациите на Шведска и Португалија, без огледа на исходот на нивниот меч за петтото место на ЕП директно се пласирани на СП 2027 што ќе се одржи во Германија.
Ова се должи на пласманот на Германија и на Данска во Топ 6 на тековното Европско првенство со што списокот на директни учесници се продолжи и кон шестопласраниот тим.
Со пласманот во полуфиналето, место на СП си обезбедија и Хрватска и Исланд. Германија како домаќин, а Данска како светски првак одамна имаат место на мундијалот.
Данска дури знае и во кој град ќе игра. Германците открија дека домашната арена на Данска ќе биде арената во Кил.
Од Африканското првенство, на Египет и Капе Верде им се приклучија Алжир и Тунис, додека за последното слободно место, натпревар играат Мароко и Ангола.
Македонија е една од десетте репрезентации од првиот шешир што ќе играат еден бараж натпревар. Противникот ќе го дознаеме во сабота, на 31 јануари кога ќе биде извршена ждрепката. Почетокот на извлекувањето е закажан за 15:00 часот.

СП 2027
Вкупно учесници: 32
Директно пласирани: Германија (домаќин), Данска (Светски првак)
Азија: Катар, Јапонија, Бахреин и Кувајт (1-4 место на Азискиот шампионат)
Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Чиле, Уругвај (1-4 место на Јужноамерикански шампионат)
Африка: Египет, Капе Верде, Алжир, Тунис, Ангола/Мароко (1-5 место на Африкански шампионат)
Европа: Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска (1-6 место на ЕП) +10 победници во вториот бараж
Северна Америка и Кариби: Првак на шампионатот
ИХФ: Валјд карти х2


ЕВРОПА БАРАЖ
1 ШЕШИР:
Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Ф. Острови, Македонија, Холандија, Австрија

2. ШЕШИР: Италија, Чешка, Србија/Литванија, БиХ/Косово, Финска/Ц. Гора, Грузија/Израел, Грција/Белгија, Турција/Романија, Украина/Словачка, Полска/Летонија




Ждрепката за бараж натпреварите ќе се изврши на 31 јануари (сабота) со почеток од 15:00 часот во Хернинг, Данска.

Поврзани вести