Вуко Борозан потпиша за ГРК Охрид

Фото: ГРК Охрид

Вуко Борозан е нов ракометар на ГРК Охрид, потврдија за mkdhandball од охридскиот клуб. Откако од екипата замина Младен Крсманчиќ се отвори простор за нов играч, а тоа ќе биде црногорскиот бек кој досега настапуваше за екипата на Вардар 1961.
Вуко Борозан беше поврзуван со Охрид веднаш откако се расчу дека ќе си оди од Вардар, но охриѓани тогаш демантираа дека овој трансфер ќе се реализира.
Но, се сменија времињата и во продолжението на сезоната Борозан ќе го гледаме во бело-син дрес.

Со овој транфер Охрид уште повеќе ги зголеми на хартија своите шанси за пехар во Суперлигата, но и во ЕХФ Европскиот Куп каде што ќе продолжи со настап пролетва.

Поврзани вести