Не слегнува прашината, се јави и ЕХФ

Не слегнува прашината што ја крена селекторот на Хрватска Дагур Сигурдсон на прес конференцијата пред полуфиналните натпревари на ЕП.
Исланѓанецот жестоко ја искритикува ЕХФ и освои многу симпатии ширум Европа откако го впери прстот кон недопирливите од Виена.
Се јави и ЕХФ со соопштение после кое Сигурдсон добива и поени плус за тоа што го кажа. За ЕХФ овој распоред бил сосема во ред. Со организаторите бил договорен шест месеци порано, федерациите го знаеле и никој не се бунел тогаш.
Германија и Хрватска денеска од 17:45 часот ќе го играат првиот полуфинален натпревар на ЕП. Веднаш по нив од 20:30 часот на терен ќе бидат Данска и Исланд

ТВ ПРЕНОС
17:45 ГЕРМАНИЈА – ХРВАТСКА
20:30 ИСЛАНД - ДАНСКА
 

Поврзани вести