ТВ ПРЕНОС: Денеска се игра финале на ЕП

Денеска е најспецијалниот ден на Европското првенство во ракомет 2026. На последниот натпреварувачки ден ќе се игра за медал и шампионски пехар, а неколку моменти ќе ги одбележат овие натпревари.

Данска е на прагот да стана втората земја што успеала да ги обедини шампионските пехари од ЕП, СП и ОИ. Досега тоа успеала само Франција и тоа двапати.
Во финалето на СП ќе играат светскиот првак (Данска) и домаќинот на следното СП (Германија).
Матијас Гидсел има шанса да стане најдобриот стрелец на едно ЕП. Потребни му се пет гола.
Андреас Волф, Руне Дамке и Јаник Колбахер се единствените германски играчи што имаат освоено европско злато (2016). Расму Лауге е единствениот Данец кој има освоено европско злато (2012).

Андреас Волф ќе стане германски играч со најголем број на настапи на ЕП (42). Легендарниот пикер Клаус Дитер Петересен е актуелниот рекордер со 41 настап.
Данска може да стане само втората земја домаќин која станала и првак на ЕП. Единствено Шведска во 2002 и тоа на дуел со Германија беше домаќин и стана шампион.




На овој меч му претходи дуелот за трето место меѓу екипите на Исланд и Хрватска. Дагур Сигурдсон и во својот втор настап како селектор на Хрватска би можел да освои место на подиум.

Тројца од селекторите што стигнаа до финалниот ден се Исланѓани. Германија ја води Алфред Гисласон, Хрватска ја води Дагур Сигурдсон, а Исланд го води Снори Гудјонсен.

МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО
15:15 ХРВАТСКА – ИСЛАНД (МТВ, ТВ Арена Спорт 9)
ФИНАЛЕ:
18:00 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА (МТВ, ТВ Арена Спорт 2 Премиум)

 

Поврзани вести