Лазаров: Треба да сме задоволни од ждрепката

Македонија има отворен пат кон ново учество на големо натпреварување. Денеска со ждрепка беше одлучено дека противник на Македонија во баражот за СП ќе биде победникот од Бараж 1 дуелот меѓу репрезентациите на Словачка и Украина. 
Тој бараж ќе се игра во март, но без оглед на исходот, задачата на македонскиот тим е да биде спремен за мајскиот двомеч, кој и да е противникот. Генерално, од исходот на ждрепката, треба да бидеме задоволни, а истото го мисли и селекторот на нашиот тим, Кирил Лазаров. 

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси.
Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка.
Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров





 

Поврзани вести