Македонија на СП преку Украина или Словачка

Конечно, крај на неизвесноста за македонската репрезентација во поглед на следниот голем предизвик, пласманот на Светското првенство што ќе се игра во Германија во јануари 2027. Денеска во Хернинг со ждрепка беа одредени паровите од последниот бараж.

Вкупно 28 репрезентации ќе конурираат за 10 места на СП. Осум парови се веќе одредени за Бараж 1, а Македонија како екипа пласирана во Топ 16 на ЕП, ќе игра само еден бараж. Тоа се два меча што ќе се играат 13/14 и 16/17 мај годинава.

Противник на Македонија во баражот ќе биде победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка. 
Македонија на првиот меч ќе биде гостин. 

Македонија - Словачка/Украина
Чешка - Франција
Швајцарија - Италија
Финска/Црна Гора - Словенија
Србија/Литванија - Унгарија
Шпанија - Грузија/Израел
Грција/Белгија - Холандија
БиХ/Косово - Ф. Острови
Норвешка - Турција/Романија
Австрија - Полска/Летонија
 

Поврзани вести