Динар доби отказ во Иври

Photo: Wikimedia Commons / Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International

Легендарниот француски дефанзивец Дидие Динар и официјално веќе не е тренер на екипата на Иври каде што беше прв тренер од 2023 година.
Клубот спроведе истрага за неговата работа и одлучи да го прекине договорот. Расплет сосема очекуван со оглед на тоа дека Динар воопшто и не го водеше клубот сезонава. Официјално на боледување, тој беше фокусиран на работата како селектор во репрезентацијата на Црна Гора што на крајот резултираше со отказ во Иври. Клубот од париското предградие, пак, за следните две сезони, за тренер го назначи Арно Калбри, во моментов тренер на Шарт.

Засега останува селектор на Црна Гора, иако по лошиот настап на ЕП и лошата ждрепка за следното СП (Финска во Бараж 1 и Словенија во Бараж 2) и оваа позиција не би ја сметале за сигурна. 

Поврзани вести