Фото: ИХФ
ФИНАЛЕ НА ЕП 2026
ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА 34-27 (18-16)
Мелер (7 одб), Питлик 8, Гидсел 7, Хансен 7 – Волф (14 одб), Гола 5, Гргиќ 5, Кнор 5
Данска е новиот европски шампион! По 14 години пауза, данскиот состав повторно е на највисокото место на подиумот и стана апсолутен ракометен шампион затоа што ги обедини шампионските „појаси“ од ЕП, СП и ОИ.
Матијас Гидсел е новиот најдобар стрелец на еден турнир на Европско првенство. Со вкупно 68 гола постави нов рекорд.
Германија не само што пружи достоен отпор, туку беше комплетно резултатски рамноправна сѐ до последните пет минути. Но, во овој момент не можат да се носат со Данците, можеби нивниот млад тим доволно ќе созрее до следната година кога на домашен терен ќе организираат мундијал.
Германија без Јусус Фишер (болест), Данска без Симон Халд (заврши во болница со потрес на мечот со Исланс). Николај Јакобсен познат по тоа што не сака да ротира, на овој меч дополнително „зихерашки“ до максимум ги трошеше Питлик и Гидсел, а поштеда немаше ниту за рековалесцентот Томас Арнолдсен. Не ги видовме Расмус Лауге или Ласе Андерсон. Но, тројцата стартери му вратија со одлична партија. И прадоксално, уште на крајот ќе биде тактички јунак токму на поле на измени затоа што го замени Емил Нилсен со Кевин Мелер, а овој му врати со МВП награда на мечот.
Германија го имаше расположен Андреас Волф кој имаше дузина атрактивни интервенции особено против Матијас Гидсел, но не можеа да го издржат ова високо ниво на игра 60 минути нивните ѕвезди Кнор, Гргиќ, Кестер... Повеќе грешеа, имаа повеќе неизнудени грешки, полоши шутеви и кога мечот се прекршуваше немаа вистинско решение.
На крајот средбата која најчесто беше два до три разлика со тоа што Германија еднаш израмни (19-19), а Данска имаше плус четири во неколку наврати се прекрши на грбот на Германците и Данска влезе во еуфоричен финиш што на крајот и донесе победа од превисоки седум гола разлика.
Поврзани вести