Трансфери: Македонец во Слога, Мелзунген се откажува од Гола...

Photo attribution: 
© Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons) /cropped image
 
 

Левиот бек од екипата на Младост Богданци, Антонио Николоски во продолжението на сезоната ќе настапува за екипата на Слога Добој од БиХ.


Бундеслигашот Мелзунген размислува да го откаже трансферот на еден од германските јунаци – Јоханес Гола. Репрезентативниот пикер во декември потпиша петгодишен договор со Мелзунген според кој (неофицијално) требаше да заработува 48.000 евра месечно, но клубот се соочува со намалување на 10 милонскиот буџет за следната година и веќе размислува да го продаде Гола. Најверојатно би се вратил назад во Флензбург, но не се исклучени и други опции.
Гола во договорот има излезна клаузула од 400.000 евра по три години, што може да биде основа за негов трансфер пишува Билд.

Левото крило на екипата на ГОГ, Фредерик Бјере, ја одби понудата од Кил и потпиша договор со полскиот шампион Висла Плоцк, потврдија полските медиуми.
Данскиот ракометар е трет стрелец во Лигата на шампионите, зад Елохим Пранди и Матијас Гидсел и годинава ја игра својата најдобра сезона. Беше на пошиорокиот состав на Николај Јакобсен, но таму конкуренцијата е пресилна и тој остана без запишан настап за данскиот состав.
Висла Плоцк патем ги израдува своите фанови со продолжување на договорот со шпанскиот пивот Абел Сердио.

Противникот на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Дукла Прага позајми голман од екипата на Сокол Вршовице. Данел Рангл, поранешен голман на Ловосице до крајот на сезоната ќе брани во екипата на Дукла, вклучително на двата меча со ГРК Охрид (14.02 и 21.02.2026).



 

Поврзани вести