Германија во Минхен, Данска во Кил, Македонија во втор шешир?

Заврши ЕП 2026 погледите веднаш беа свртени кон следниот голем настан, а тоа е СП 2027, конечно, ќе се игра само во една земја и тоа во шест сали – во Германија. Градовите домаќини во прелиминарната рунда се Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.

Германија како домаќин ќе има право во секоја група да смести по една екипа. Досега се знае дека Германија ќе игра во Групата „А“ во Минхен. Најавено е дека Данска ќе игра во групата Е или Ф, двете групи ќе се играат во Кил.
Од групите што ќе се играат во Минхен и Штутгарт потоа ќе се формираат нови две групи и тие ќе играат во Келн.
Од групите што ќе се играат во Кил и Магдебург, потоа ќе се формираат две нови групи и тие ќе се играат во Хановер.
Келн и фамозната Ланксес Арена ќе бидат домаќини на завршиот турнир, додека Президент Куп ќе се одигра во Магдебург.

Уште од сега се знае дека Германија и Данска нема да се сретнат се до евентуалното полуфинале.
Македонија треба да одигра квалификациски бараж против победникот од дуелот меѓу репрезентациите на Словачка и Укарина. Ако Македонија се пласира на СП 2027, според нашите рани пресметки би требало во ждрепката за СП да биде блиску до границата меѓу вториот и третиот шешир, со поголеми шанси да биде во вториот шешир.

 

Поврзани вести