ТРАНСФЕРИ: Сегед по Горига, Макуц во Флензбург...

Фото: РФМ

ПИК Сегед е најновиот клуб што во ракометните шпекулации се појави како можна дестинација за вадаровиот бек Димитро Хориха.

Еден од најдобрите светски пикери, египетскиот линиски напаѓач Ахмед Адел потпиша продолжување на договорот за уште една сезона со екипата на Веспрем.

Бундеслигашот Флензбург, наводно е заинтересиран за словенечкиот бек Андраж Макуц и би платил 150.000 евра отштета на Целје Пивоварна. Постариот брат, Домен Макуц, следната сезона ќе игра во Кил.

Екипата на Вецлар која долго беше бундеслигашки клуб со Македонци во составот, минува низ многу тежок период. Но, ако се реализираат најавите, нивната иднина ќе биде посветла. Имено, Вецлар е во конкуренција
за потпис на шведскиот голман Андреас Палицка од Колстад и на Исланѓанецот Тејтур Орн Ејнарсон кој настапува за Гепинген.

Веројатно единствениот ракометар кој потекнува од Сао Томе и Принципе, леворакиот Жоаким Назаре е потенцијално засилување за екипата на Загреб. Португалскиот репрезентативец во моментов е играч на дански Скјерн.

Барса потпиша нов договоро со левото крило Јан Баруфет. Синот на легендарниот шпански голман Давид Баруфет во Барса ќе остане најмалку до јуни 2029 година.




 

Поврзани вести