Флензбург купи пивот од Загреб

Photo: SG Flensburg - Handewitt

Една од најпознатите германски екипи, СГ Флензбург - Хандевит, се најде во лоша ситуација откако на Европското првенство се повреди нивниот линиски напаѓач Лукас Јоргенсен. Еден од најдобрите светски пикери ја заврши предвредеме сезоната откако ги повреди лигаментите играјќи за репрезентацијата на Данска па Флензбург беше принуден да бара решение најмалку до крајот на сезоната.
Изборот падна на пикерот од Босна и Херцеговина, Адин Фаљиќ кој настапуваше за тимот на Загреб, противник на Е. Пелистер во Лигата на шампионите. 
Фаљиќ, Загреб и Флензбург се договорија и тој беше промовиран како нов играч на Флензбург. 

Поврзани вести