Томовски одличен во победата на големото дерби

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше седум успешни интервенции на првиот меч од продолжението на сезоната, по Европското првенство.

Неговиот тим, Битенхајм запиша победа од 31-27 на домашен терен во дербито на колото над Елбфлоренц. Со оваа победа Битинхајм повторно е осамен на првото место на табелата со два бода предност пред денешниот, воедно и најголемиот ривал, екипата на Елбфлоренц и три повеќе од неговиот поранешен клуб, Потсдам.
Минутажата на Мартин Томовски на овој меч беше поделена 50-50 со неговиот соиграч Јан Хрдличка, кој пак имаше пет одбрани.






 

Поврзани вести