Барса без Дика Мем против Е. Пелистер

Фото: Mkdhandball / Radovan Vujovic

Одморот за врвните ракометари по ЕП заврши. Во Шпанија се игра Куп на Шпанија во кој Барса во финалето ќе се сретне со екипата на Реколетас Ваљадолид за која настапуваат македонскиот интернационалец Мартин Карапалески, поранешниот вардаров бек Хосе Толедо и а тренер им е бившиот тренер на црвено-црните, Давид Писонеро.

Барса во полуфиналето што се игра на Гран Канариа ја совлада екипата на Бидасоа (37-31), но во текот на првиот дел на повреда се пожали Дика Мем и не го доврши мечот. Подоцна беше констатирано дека се работи за истегнуње на мускулот поради кое ќе мора да паузира четири до шест недели според медицинскиот тим на Барса.

За десет дена продолжува и Лигата на шампионите, а Дика Мем според сегашната прогноза би ги пропуштил натпреварите со Пик Сегед, Загреб, дуелот со Магдебург и најверојатно мечот со Еурофарм Пелистер што Барса ќе го игра на 11 март во „Блауграна“.




 

Поврзани вести