Украина на „домашен“ терен во Германија

Photo: Marcus Bauer

Репрезентацијата на Украина својот домашен натпревар од првиот бараж за пласман на СП 2027 против репрезентацијата на Словачка ќе го организира во Германија.
Победникот од овој бараж ќе игра уште еден бараж и тоа против Македонија за пласман на Светското првенство во Германија.
Во последните три години со оглед на тоа дека мораат да играат на неутрален терен, базата на украинската репрезентација најчесто беше во Германија. Три пати имаат играно во Германија, но последниот пат во квалификациите против Естонија играа во Литванија, како предигра на натпреварот меѓу Македонија и Литванија во Виљнус.
Градот домаќин за првиот бараж е Бансхајм, град во близина на Манхајм од каде што е екипата на Рајн Некар Ловен. На 18 март ќе се игра овој натпревар, три дена подоцна е реваншот во Повашка Бистрица во Словачка.



 

Поврзани вести