Сениорската машка репрезентација на Македонија има скок од четири места на четиригодишниот ранкинг што го прави Европската ракометна федерација, а кој служи за база за понатамошното рангирање за шеширите и ждрепките што ќе следуваат.
Македонија на новата ранг листа е на 15 место и ќе остане во вториот шешир во квалификациите за следното Европско првенство што ќе се одржи во 2028, во истиот шешир со Холандија, Австрија, Србија, Ф. Острови...
Конечниот распоред на носители во ждрепката за ЕП 2028 треба да биде објавен деновиве, а потоа ќе биде извршена и ждрепката за квалификациите.
Женската репрезентација на Македонија исто како и минатата сезона е на 19 место и нема да има никакви промени за нив.
Во Младинските категории, машка репрезентација е на 17 место, а женската на 19 место што значи дека и во следните циклуси ќе играат квалификации за пласман на ЕХФ Еуро.