Раул ќе биде нов тренер на Партизан

Поранешниот тренер на Вардар и на ПСЖ, Раул „Ел Команданте“ Гонзалез ќе биде новиот тренер на Партизан. На тој начин шпанскиот тренер ќе ја надополни селекторската мисија во Србија и со клупски ангажман. 
Смената на тренерите во Партизан би требало да се изврши во јуни. 
Црно-белиот тим веќе објави на својот сајт дека во јуни завршува соработката со Ѓорѓе Чирковиќ, а со месеци наназад се зборува дека Раул Гонзалез ќе биде новиот тренер на Партизан. Денеска, овие шпекулации се појавија и низ медиумите и сега се очекува само нивната потврда. 

 

Поврзани вести