Ако Македонија се пласира на Светското првенство во Германија 2027 тогаш во ждрепката за групите ќе биде во вториот шешир со што значително ги зголемува шансите за добар пласман.
ИХФ денеска ги потврди шеширите со носители, а Македонија го грабна последното место во вториот шешир и ќе ги избегне во ждрепката речиси сите екипи од Европското првенство минатиот месец се одржа во Данска.
Желбата на Македонија на следното Светско првенство е да биде во Топ 10 репрезентациите и да обезбеди квалификации за ОИ. За тоа да биде реално остварливо, ќе ни биде потребна многу среќа во ждрепката. И во групата во која би играла Македонија и во групата со која би вкрстила.
СП Германија 2027
1 Шешир: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
2 Шешир: Франција/Чешка, (Финска/Ц. Гора) Словенија, (Турција/Романија)Норвешка, (Литванија/Србија) Унгарија, (Грузија/Израел)Шпанија, Швајцарија/Италија, (Бих/Косово)Ф. Острови, (Украина/Словачка)Македонија
3. Шешир: (Грција/Белгија)/Холандија, (Летонија/Полска)Австрија, Бразил, Бахреин, Тунис, Капе Верде, Чиле, С. Америка
4 Шешир: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Вајлд карта 1, Вајлд Карта 2