ТВ пренос: Повторно врвен ракомет, се враќа Бундеслига, се игра и Суперлига

Поминаа 10 дена без врвен ракомет во машка конкуренција, пауза многу кратка и премногу заслужена за најдобрите светски ракометари.

Време е одново да ги видиме на терен, а тоа задоволство ќе може да си го приуштите вечерва од 20:00 часот кога на терен ќе бидат екипите на Гумерзбах и Флензбург.
Доминик Кузмановиќ, Јулијан Кестер, Миро Шлуроф од едната, Јоханес Гола, Симон Питлик, Марко Гргиќ од другата страна.
Овој натпревар директно ќе биде пренсуван на ТВ Арена Спорт 4.

Не заборавајте, денеска се играат натпревари и од македонската Суперлига што можат да се гледаат на Јутјуб каналот на Ракометната федерација на Македонија.

Од 18:00 часот играат Бутел Скопје и Вардар, а од 19:00 часот, Куманово и Охрид.

Поврзани вести