СУПЕРЛИГА: Вардар и Охрид со нови победи

Фото: МРК Куманово

Екипите на Охрид и Вардар 1961 запишаа убедливи победи во 20 коло од Суперлигата и ги задржаа своите позиции на врвот на табелата во пресрет на другите натпревари што ќе се играат денеска и со кои ќе биде комплетирано 20 коло. Потоа ќе останат уште две кола до крајот на оваа фаза од Суперлигата, со само уште еден дерби меч, во последното коло во кое Алкалоид ќе го пречека Вардар 1961.

Охрид како гостин по само 30 минути игра имаше плус 10 на гостувањето во Куманово и мечот го заврши со победа од 16 гола разлика, па привремено е на второто место на табелата. Охриѓани за три дена на домашен терен играат важен меч во ЕХФ Европскиот Куп, против екипата на Дукла Прага од Чешка.
Вардар 1961 исто така играше на гостински терен и со 11 гола разлика славеше победа над тимот на Бутел Скопје, па останува на врвот со 19 победи од 20 одиграни натпревари.
Денеска на терен се и првакот Е. Пелистер, на гости кај Радовиш и освојувачот на ЕХФ Куп, Алкалоид кој ќе игра во Битола против тимот на Е. Пелистер 2.
Дуел што треба да донесе најмногу неизвесности е мечот меѓу Прилеп и Тиквеш и ќе се игра во Прилеп.

РЕЗУЛТАТИ:
КУМАНОВО – ОХРИД 14-30 (5-15)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 1961 23-34 (12-20)

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
17:30 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД
19:00 РАДОВИШ – Е. ПЕЛИСТЕР
19:00 ПРОЛЕТ 62 – СТРУГА
19:30 ПРИЛЕП – ТИКВЕШ

ТАБЕЛА:
1. Вардар (38), 2. Охрид (33), 3. Е. Пелистер (32), 4. Алкалоид (31), 5. Тиквеш (20), 6. Бутел Скопје (20), 7. Е. Пелистер 2 (17), 8. Прилеп (16), 9. Пролет (12), 10. Куманово (7), 11. Струга (6), 12. Радовиш (0)


 

Поврзани вести