Томовски одличен, неговиот тим се зацврсти на врвот

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше девет интервенции на натпреварот што неговиот Битенхајм го доби како гостин кај екипата на Либек-Швартау со резултат 37-34.

Томовски бранеше 45 минути на овој меч и неговите интервенции беа од голема важност за новите бодови на Битенхајм со кои остана на врвот на табелата со 32 бода. За Томовски и неговиот клуб оваа победа има и поголема тежина затоа што во истото коло, екипата на Балинген го совлада второпласираниот тим на Елбфлоренц и се израмни со нив на делбата на второто место. За Битехајм тоа значи дека место досегашните два, сега имаат четири бода предност пред второпласираните екипи.

Поврзани вести