Татабања без Талески, со голем пресврт до победа во ЕХФ Куп

Фото: РК Алкалоид

Преку ланските дуели на Алкалоид од 1/2 финалето на ЕХФ Европскиот Куп можевме да видиме колку може да биде незгоден противник екипата на Рунар од Норвешка. Вечерва такво искуство имаше и екипата на Татабања, новиот клуб на Филип Талески и еден од топ фаворитите за освојување на пехарот во ова натпреварување.
Татабања и Рунар Сандефјорд се сретнаа во 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп годинава, а на првиот меч, денеска, победи унгарскиот состав (35-33). Но, Татабања до оваа победа дојде по голем пресврт, откако Норвежаните кои беа гости на првиот меч, водеа цели 40 минути, а во текот на првиот дел таа предност во еден момент беше и шест гола (18-12).

Унгарскиот состав предводен од Бендек Елеш и Даниел Штрака (двајцата по седум гола) и искусните Димитри Житњиков и Демис Григорас успеаја да креираат голем пресврт и да стигнат до тесна победа од два гола разлика. Предност, што нема да биде лесно да ја одбрнат следната недела во Сандефјорд.
Македонскиот интернационалец Филип Талески не беше во ростерот на Татабања, него сѐ уште го нема на списокот на ракометари пријавени за ЕХФ Европскиот Куп.

 

Поврзани вести