Охрид со плус девет кон 1/4 финале на ЕХФ Куп

Фото: ГРК Охрид

ГРК ОХРИД - ДУКЛА ПРАГА 30-21 (16-9)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Генч Бујупи и Гетор Бујупи од Косово. Делегат: Владимир Јовиќ од БиХ.
ГРК ОХРИД: Пилиповиќ 1, Блажевски, Борозан, Стрмљан 2, Ојлески 4, Јагуриновски 1, Иванковиќ 7, Тасески 2, Моралес, Савревски, Љапис 1, Бојаниќ, Петриќ 2, Ѓукиќ 8, Ќосевски, Прибетиќ 2
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 10 мин.
ДУКЛА ПРАГА: Рангл, Шубрт, Санисло, Војтела 4, Дуда 3, Свитак, Вотава, Еребаи 3, Крушберски 3, Кулханек, Мелих 4, Брежина 2, Моравчик, Раковски, Шмид, Хруби 1
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 8 мин


Екипата на ГРК Охрид е во пракса пласирана во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп откако вечерва, на првата пресметка со екипата на Дукла Прага, славеше убедлива победа од девет гола разлика.

Натпреварот се играше во Охрид, а македонскиот тим не препушти ништо на случајот и уште во првите десет минути од натпреварот комплетно ја оправда фаворитската улога и го прекрши натпреварот, мошне веројатно и двобојот во своја полза.
ГРК Охрид почна фуриозно и за нецели 10 минути против збунетиот и неефикасен противник поведе со 6-0.

Охрид потоа поведе и со 10-2 пред гостите да фатат каков-таков ритам и да намалат на 6-12.
Македонскиот тим во два наврата имаше и плус девет гола во првиот дел, но не успеа да премине во двоцифрено водство во првото полувреме кое, пак, заврши со резултат 16-9.

Гостите и во вториот дел, во првите 15 минути успеваа да ја држат главата над водата, но во 45 минута за прв пат на мечот беше плус 10 (25-15).

Разликата од тој момент беше 10-11 гола предност за македонскиот тим, во 56 минута беше 30-17, но во последните четири минути гостите намалија на 21-30 што и натаму е капитална предност и речиси сигурен пласман во следното коло, меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.


ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП:
Охрид (Мкд) - Дукла Прага (Чеш)  30-21
Татабања (Унг) - Рунар (Нор)  35-33
Олимпијакос (Грц) - Бк-46 (Фин)  39-30
Брно (Чеш) - Нилуфер (Тур)  29-26
Целје (Сло) - Бешикташ (Тур)  39-34
Коњух (БиХ) - Бузау (Ром)
Карвина (Чеш) - Балатонфуред (Унг)
Извиѓач (БиХ) – Тримо (Сло)

Поврзани вести