Амброс поразен од Брестовац на првото катарско дерби

 Photo: Qatarhandball

Прославениот шпански тренер, Мартин Амброс, познат по својата работа во женските екипи на Ѓер, Ростов и репрезентациите на Романија и Русија, неодамна прифати поинаков предизвик и стана тренер на машкиот катарски клуб Ал Духаил.

Катарското добредојде во битката за титула, за Мартин Амброс беше „сервирано“ на македонски начин. На првото големо дерби, Мартин Амброс мораше да му пружи рака на македонскиот тренер Данило Брестовац.

Ал Араби каде што тренер е Данило Брестовац го совлада Ал Духаил, убедливо со 31-23 и ја продолжи победничката низа во првенството. Таа низа сега изнесува девет од девет за максимални 27 бода, додека Ал Духаил е на второто место со 23 бода и скор од седум победи и два пораза.

Поврзани вести