Прв пораз на Магдебург сезонава

Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

Екипата на Магдебург, актуелниот европски првак, по 20 кола без пораз, за прв пат сезонава го напушти теренот со наведната глава.

Екипата на Кил му го нанесе првиот пораз на Магдебург (31-29) во сезоната и за момент ја спаси најсилната светска лига од неинтересна завршница. Сега одново некакви шанси да се борат за шампионскиот пехар добиваат Флензбург и Берлин, иако Магдебург и натаму има комотна предност во однос на нив од четири бода и меч помалку од Берлин и пет бода повеќе од Флензбург.

Кил и покрај победата е на петтото место со шест бода помалку од Магдебург и веројатно ниту следната сезона нема да успее да стигне до место во Лигата на шампионите.
Но, фановите на зебрите имаа двојна причина за задоволство денеска, затоа што освен победата над Магдебург, Кил објави и продолжување на соработката за уште една сезона со пикерот Хенрик Пекелер, командантот на одбраната и еден од омилените ракометари на црно-белата армија на навивачи.

Поврзани вести