Фото: Mkdhandball
По ЕХФ Европскиот Куп и Европската Лига, неделава на сцената се враќа и најсилното натпреварување, Лигата на шампионите.
Екипата на Еурофарм Пелистер првиот меч во продолжението на Лигата на шампионите ќе го игра на домашен терен против екипата на Висла Плоцк, шампионот на Полска.
„По долго време се враќаме во Лигата на шампионите. Пред нас е еден многу тежок натпревар, во специфичен момент за екипата. Имаме нов тренер, но се трудиме да бидеме максимално подготвени за предизвикот.
Работиме на усовршување на деталите за кои сметаме дека можат да го одлучат натпреварот и се надеваме дека можеме да победиме пред нашите навивачи.
Висла игра многу агресивно во одбраната, нивните халфови излегуваат многу високо, затоа ќе мораме да имаме брз проток на топката и солиден напад во простор без топка.
Ако дозволиме да прават многу фаули и прекини на играта, мислам дека ќе биде доста тешко за нас. Мораме да имаме одлична дефанзива и да знаеме што сакаме во нападот“, изјави Манасков.
Висла Плоцк последен пат гостуваше во Битола во декември 2024. Беше запрена, сведена на само 18 гола и поразена (21-18). Го памети сигурно и тренерот Хавиер Сабате тоа гостување и веројатно поспремни ќе бидат за битолскиот амбиент сезонава.
Натпреварот ќе се игра во четврток со почеток од 20:45 часот, ТВ пренос на има на МТВ.