ГРК Тиквеш обезбеди место во Плејоф

Екипата на ГРК Тиквеш е петтиот член на македонскиот суперлигашки Плејоф. Кавадарчани на едно коло до крајот на регуларниот дел од сезоната, го совладаа тимот на Куманово (33-26) и со освоени 22 бода се на петтото место, без опасност во последното коло некој да го загрози нивниот пласман во Плејоф, затоа што имаат недостижни три бода предност пред следниот ривал.

За последното место што води во Плејоф во игра се Бутел, Е. Пелистер 2 и Прилеп. Во најдобра позиција е Бутел кому е доволен и нерешен резултат во последното коло со ГРК Тиквеш за да се пласира во Плејоф.

Не е без шанси и Е. Пелистер 2 кој ќе профитира доколку кавадарчани го совладаат Бутел, а тие ја победат Струга.
Единствениот начин Прилеп да се пласира во Плејоф е да го победат Радовиш, но и Бутел да загуби дома од ГРК Тиквеш, а и Е. Пелистер 2 да загуби дома од Струга.

Поврзани вести