Вардар утре на мегдан со Бенфика

Фото: РФМ

Утре продолжува Главната рунда од ЕХФ Европската лига во која ќе се натпреварува и македонскиот претставник Вардар 1961.
Скопскиот состав е дел од групата „3“ во која се уште и екипите на Мелзунген од Германија, Бенфика од Португалија и тимот на Кристијанштат.

Со шведскиот состав Вардар 1961 веќе одигра два натпревари и пренесува два бода во оваа фаза. Мелзунген е прв на табелата со четири бода, а следствено Бенфика е последна без бодови.
 

ВТОРНИК, 17.2.2026
18:45 Бенфика – Вардар 1961
20:45 Мелзунген - Кристијанштат

ТАБЕЛА:
1. Мелзунген (4), 2. Вардар 1961 (2), 3. Кристијанштат (2). 4. Бенфика (0)


Вардар 1961 во продолжението на Европската лига ќе настапи без Ален Ќосевски и Вуко Борозан кои заминаа во ГРК Охрид, но со бразилскиот бек Жоао да Силва кој дојде од екипата на Војводина.

Што може да видиме од Бенфика? Ќе го видиме Вајлупов на десно крило, Валенсија и Мигаљон на позцијата лево крило. Репрезентативецот на Португалија, голманот Капдевил е првиот избор меѓу стативите.
На линијата го имаат Алексис Борхес, заедно со шпанскиот играч Хавиер Родригез, а на бековската позиција познато име и од македонската суперлига, своевремено.

Тоа е поранешниот член на Е. Пелистер, Рение Табоада, кубански ракометар што игра под холандско знаме. Тој заедно со Габриел Кавалканти се левите бекови, центар е шпанскиот играч Изгуердо, а веројатно најслабата алка им се левораките бекови каде што играат Хедберг и Олсен.

Натпреварот почнува во 18:45 часот, најавен е ТВ пренос, а по овој меч во 20:45 часот во Германија ќе се сретнат екипите на Мелзунген и Кристијанштат.

 

Поврзани вести