Бундеслигашки пивот доаѓа во Е. Пелистер

Attribution: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

Екипата на Еурофарм Пелистер го искористи периодот на слободни трансфери и во пресрет на Плејоф разигрувањето во македонската Суперлига ќе ја освежи својата екипа со нов ракометар. 
Никола Граховац (27), хрватски ракометар кој има статус репрезентативец е нов член на Еурофарм Пелистер. Се работи за добро познат играч, играше за Хрватска на ЕП 2022 и на ОИ Париз. Висок 201 см и тежок околу 107 кг, подвижен, игра на повеќе позиции во одбрана и игра во два правца што е исклучително важно за битолчани. 

Доаѓа од екипата на Вецлар од Германија, а претходно настапуваше и за екипите на Дубарава, Загреб, Балинген и Веспрем. 

Битолчани со ангажманот на Граховац би требало да решат горливо прашање, затоа што по заминувањето на не многу погоденото засилување од Египет, на линијата останаа само со македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Самоил Ристевски

Поврзани вести