ПСЖ се прошета низ Загреб, а Барса низ Сегед

Продолжението на Лигата на шампионите вечерва донесе три би рекле разочарувачки натпревари на кои место голема борба видовме релативно лабави натпревари на кои фаворитите без поголеми проблеми ги оправдаа улогите и запишаа нови бодови.

РЕЗУЛТАТИ:
Загреб – ПСЖ 24-35 (10-18)
Алборг – Колстад 36-24 (17-14)
ПИК Сегед – Барса 27-35 (10-21)


Последната сезона во таковниот формат на Лигата на шампионите како едвај да чека да заврши предолгата и неинтересна групна фаза и на сцена да дојдат нокаут натпреварите на кои одново ќе го видиме сјајот на ракометот на највисоко ниво.




Вечерва, Загреб го пречека ПСЖ, а ПИК Сегед ја пречека Барса. Домаќините на овие натпревари, особено во загрепската арена изгледаа како екипи кои веќе се спремаат за летен одмор. Лабава одбрана, голема недостижна негатива по петнаесетина минути на теренот и рутинска обработка за задачите до крајот на натпреварот со сигурно заверена победа на гостите.

Малку повеќе борба пружи Колстад на мечот со Алборг, но само во првиот дел. Во второто полувреме Данците си ја завршија работата и со двоцифрена предност си заминаа дома.



Очекуваме поголема борба и незивесност утре, најмногу на натпреварот што ќе се игра во Битола, каде што Еурофарм Пелистер ќе го пречека полскиот шампион Висла Плоцк.

Поврзани вести