ТВ ПРЕНОС: Е. ПЕЛИСТЕР - ВИСЛА, КЕЛЦЕ - ВЕСПРЕМ

Екипата на Е. Пелистер денеска ќе го продолжи својот настап во Лигата на шампионите со дуел на домашен терен против екипата на Висла Плоцк, првакот на Полска. 
Последен пат полскиот тим гостуваше во Македонија минатата сезона, во декември 2024 и беа поразени со 21-18, што може да биде најава за уште еден успешен настап на македонскиот тим.
Натпреварот ќе почне во 20:45 часот и директно ќе биде пренесуван на МТВ и на ТВ Арена Спорт 4.

Во терминот од 18:45, македонските гледачи ќе можат да следат директен пренос од уште еден натпревар од Лигата на шампионите, а тоа е дуелот меѓу екипите на Келце и Веспрем. 

Фановите на Бундеслигата, пак, со почеток од 19:00 часот ќе можат да ги гледаат екипите на Гумерзбах и Ајзенах. 

ТВ ПРЕНОС
18:45  КЕЛЦЕ - ВЕСПРЕМ (ТВ АРЕНА СПОРТ 4)
19:00  ГУМЕРЗБАХ - АЈЗЕНАХ (ТВ АРЕНА СПОРТ 3)
20:45  Е. ПЕЛИСТЕР - ВИСЛА ПЛОЦК (МТВ, ТВ АРЕНА СПОРТ 4)
 

Поврзани вести