-
21.2.2026
-
Македонски ракомет
РК АЛКАЛОИД - РК ВАРДАР 1961 25-28 (13-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 2, Тордарсон, Маркоски, Стојковиќ, М. Митев 1, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Ненад Костески 2, Петковски, Д. Митев 4, Борзаш 9, Аларов 1, Николов 2
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 6 мин.
РК ВАРДАР 1961: Богдановски, Валах, Гогов, Воркапиќ 1, Георгиевски, Кеита 2, Митровиќ 5, Танкоски, Лазаревски 1, Тузолана, Хориха 6, Атанасовски, Силва 2, Малус 10, Јанковски
Седмерци: Исклучувања:
Тешка битка водеа Алкалоид и Вардар во Автокоманда по која бодовите ги освои постариот скопски клуб кој имаше повеќе нерви и среќа во финишот на натпреварот. Со овие два бода, Вардар направи голем чекор напред кон шампионскиот пехар.
Вардар прв ја презема резултатската контрола што беше директно поврзано со двете одбрани на глманот Милош Валах, а 100 % реализација во нападот им донесе водство од 5-3 на гостите по седум минути игра.
Аллкалоид, пак, постигнуваше голови од транзиција и по 12 минути беше 6-7, а првото израмнување го регистриравме во 17 минута кога Борзаш погоди за 8-8.
Потоа продолжи резултатската нишалка во која Вардар поведуваше, Алкалоид израмнуваше се до 21 минута кога Валах запиша нова одбрана, а Вардар повторно стигна до плус два.
Двата тима знаеја што прават на теренот, па разликата ја правеа нијанси, а тие овој пат беа на страната на гостинската екипа.
Во таква консталација на играта, имаше Вардар два напада за плус три, но и Алкалоид имаше адути, па така голманот Марко Кизиќ двапати го запре новото српско засилување за Вардар, Вукашин Воркапиќ, а тоа на семафорот се преслика со минимална негатива (13-14) во 28 минута од мечот.
Двата тима промашија по два напада до крајот на полувремето, па на одмор се замина со водство на гостинскио тим од 14-13.
Решавачките 30 минути почнаа со одбрани на Кизиќ и на Валах, по што Малус беше прецизен за водство од 15-13. Намали Дамјан Митев од пенал, а потоа Ненад Костески од контра напад и Борзаш од девет метри го донесоа првото водство на Алкалоид (16-15).
Кизиќ му имаше земено мерка на Воркапиќ, па му одбрани и седмерец, а Николов на спротивната страна донесе плус два за Алкалоид (17-15). По ова Иван Чупиќ побара тајм аут во 37 минута.
Освен отсуството на Мартин Серафимов поради повреда, во 38 минута и Игор Ѓоргиев мораше со помош да го напушти теренот и веќе не се врати во игра.
Се растрчаа Ивановски и Николов и го одржаа водството на Алкалоид на 19-17 (40 мин), а нс спротивната страна Малус имаше свои моменти и донесе израмнување (20-20). По ова и Кирил Лазаров побара тајм аут во 44 минута.
Словенецот донесе и пресврт на резултатот, а Валах двапати интеревенираше по што Вардар одново имаше плус два (23-21), во 50 минута од мечот.
Се заострија стартовите, заредија и исклучувања, а во 52 минута беше 23-23.
Две грешки во нападот направи Алкалоид што го доведе Вардар до водство од 25-23 во 56 минута. Потоа и среќата го посака постариот скопски тим кој погоди од изгубена ситуација за водство од 26-24.
Вардар имаше напад во последната минута и водство од 26-25, а Урош Митровиќ постигна гол за 27-25 и победа. Последниот гол беше дело на Горига откако веќе се беше решено.
Поврзани вести