ГРК Охрид во двојна ждрепка во вторник

Екипата на ГРК Охрид е најсилниот македонски адут на европската сцена годинава и е на добар пат да го повтори успехот на Алкалоид и да го продолжи престојот на шампионскиот пехар од ЕХФ Куп во Македонија за најмалку уште една сезона.
ГРК Охрид вчера по втор пат го совлада тимот на Дукла Прага и се пласираше во 1/4 финалето на Европскиот Куп. Во вторник, македонскиот клуб ќе биде дел од двојна ждрепка што ќе се изврши и за 1/4 финалето и за 1/2 финалето од ова натпреварување.
ГРК Охрид досега беше дел од носителите, но во вторник нема да има носители: 

Во Ждрепката за 1/4 финалето ќе бидат следниве екипи:
Бањик Карвина, Нилуфер, Олимпијакос, Целје, ГРК Охрид, Извиѓач, Татабања и Бузау

ГРК во вторник ќе дознае и против кого во 1/4 финалето и против кого во евентуалното 1/2 финале. Олимпијакос и Целје ќе ги издвоиме како посериозни противници во 1/4 финалето, а за понатаму, како најголем ривал на охриѓани го издвојуваме тимот на Татабања за кој настапува и македонскиот интернационалец Филип Талески.
Талески вчера постигна два гола од три обида во големата победа на Татабања на гости кај незгодниот Рунар (36-31).

Поврзани вести